Девојка ја споредувале со кит, па таа одлучила да им се одмазди со трансформација

Американката Џеки Кемпбел била малтретирана во средно од соучениците кои ја споредувале со кит. Таа уште од дете имала проблеми со тежината и на 8-годишна возраст тежела дури 44 килограми. Откако го родила своето дете на 22 години таа тежела 118 килограми ис фатила дека мора да го промени животот. Џеки направила целосна трансформација на нејзините навики и начин на живот и така го изменила и своето тело. Сега тежи 59 килограми и сосема е задоволна со себе. Таа вели дека поранешни соученици и познаници сега се обидуваат да ѝ се додворуваат, но таа не сака да слушне за нив.