Девојка која е алергична на вода го објаснува долгиот болен процес на секојднвеното туширање
23 -годишната Нија Селвеј од Велика Британија страда од ретка состојба на кожата позната како Aquagenic Pruritus, која предизвикува алергиска реакција кога нејзината кожа доаѓа во контакт со вода.
За милиони луѓе низ целиот свет, достапноста и употребата на вода за туширање е нешто што го земаме здраво за готово, но за Нија постои долг и болен процес на туширање.

Таа објасни како се подготвува за туширање. „Со алергија на вода, туширањето е навистина тешко. Започнувам со мерење на крвниот притисок и температура, а потоа избирам производи што се погодни за чуствителна кожа “, вели таа.
„Земам сува четка и ја тријам кожата за да направам пилинг и да се ослободам од мртвата кожа што се наталожува на мојата кожа. Потоа одам под туш, обично се потребни околу 5-10 минути пред да започне болката, но штом се појави, може да трае некаде до три часа по првичниот контакт со вода. Кога излегувам од туш, се` ме боли “, продолжува Нија.

„Откако ќе се истуширам, имам многу болки. Буквално само се стегам во мојот кревет додека болката не престане“.
Таа зема лекови против болки ако има особено груба реакција, а понекогаш нејзината телесна температура се искачува на 41°C.

Таа неодамна започна GoFundMe за да собере пари за трошоците за приватно медицинско лекување на Универзитетот во Мунстер во Германија, за што веќе има собрано речиси 20.000 евра, сепак, Нија се` уште е далеку од нејзината цел од 290.000 евра.
