Девојка која преживеала ерупција на вулкан се сеќава на застрашувачкиот ден што и го променил животот засекогаш

Една девојка која ја преживеала ерупцијата на вулканот на Белиот остров им раскажувала на своите следбеници за застрашувачкото искуство.

Стефани Корал Бровит беше една од околу 50-те туристи на островот на Нов Зеланд кога вулканот еруптираше во 2019 година и претрпе тешки изгореници кои бараа повеќе операции за пресадување на кожа поради кои мора да носи компресивни завои и маска.

Таа ја сподели својата приказна за закрепнување и неодамна донесе храбра одлука да се потсети на настаните од ерупцијата.

„Многумина прашуваа што всушност ме изгоре тој ден, некои мислат дека е лава, но одговорот е не, не беше лава“, вели таа. „Овој вулкан всушност не еруптираше лава, туку она во што бевме фатени беше пирокластичен тек“.

Пирокластичниот тек е мешавина од врели гасови и вулканска материја, вклучително и пепел. Како што објаснува Бровит, всушност е многу посмртоносен од лавата, бидејќи облакот се движи толку брзо што е невозможно да се побегне од него.

Бруит и нејзиното семејство биле на само 104 метри оддалеченост од кратерот на вулканот, а додека таа преживеала, татко ѝ и нејзината сестра загинале во ерупцијата. По повеќе од 90 минути чекање, таа била спасена од пилоти на хеликоптер и пренесена до најблиската болница со изгореници на 70% од нејзиното тело.

Но, и покрај нејзиното искуство што ѝ го сменило животот, таа вели дека успева да остане позитивна со помош на нејзината мајка и со инспирација од другите преживеани од изгореници.