Девојка користи PowerPoint презентација за да им ја открие својата „тајна“ работа на родителите

Девојка од Портланд, САД не била сигурна како да им пристапи на темата за својата работа на родителите, па направила PowerPoint презентација за да си ја олесни работата.

Девојката позната како Лекс им ја откри „тајната“ на своите родители и инсистирајќи дека „тоа не влијае на никого“, и причината зошто ова го споделува со нив е затоа што „сака луѓето кои ги сака најмногу да знаат што се случува во нејзиниот живот “.

Потоа продолжува на следниот слајд и гордо објавува дека е стриптизета и танцува на шипка во ноќен клуб.

Објаснува дека „го сака тоа“ и дека на овој начин може да се изрази како танчерка и е безбедна бидејќи во клубот постои анонимност.

Лекс, исто така, инсистира на тоа дека нема „матни деловни практики“, а културата во клубовите во Портланд е на место.

Осврнувајќи се на нејзината финансиска состојба, таа им рече на своите родители дека работата е причината зошто успеала „сомнително да си дозволи скапи работи“.

Таа, исто така, ги увери своите родители дека не прави никаква друга с*ксуална работа.

Презентацијата можете да ја погледнете овде:

На крајот од PowerPoint презентацијата, Лекс ги прашува мајка ѝ и татко ѝ дали имаат прашања, и двајцата велат не, а нејзината мајка ѝ се заблагодарува што го споделила животот со нив.