Девојка на тапан во Делчево додека мажите „го везат“ добро познатото оро Копачка

Копачката — македонско машко соборско оро, кое потекнува од селото Драмче, во областа Пијанец, во околината на Делчево. Изведувачите се мажи кои се држат за појас, со левата рака пред десната. Орото се игра полетно и темпераментно, со мали, брзи чекори на полустапалата. Тоа обилува со потскоци, доскоци, странични движења, ножици и поткопнување со нозете по подот, од што е произлезено името на орото.

Во 2014 година, орото Копачка од Драмче било номинирано за претставителниот список на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство. На 27.11.2014 година, во Париз, на 18 – та пленарна сесија на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, беше донесена одлука за впишување на Копачката на Претставителнниот список на УНЕСКО за нематеријални културно наследства на човештвото.

 

  • Витан напиша:

    Нели е ова, ,,на три пати,,?
    Копачка има друг ритам мислам.
    Можеби и јас да сум грешка?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *