Девојка објаснува како таа е две години помала од нејзиниот брат близнак

Звучи како почеток на загатка, но една девојка ја раскажа вистинската приказна за тоа како се родила цели две години по нејзиниот брат близнак.

Сара Сарџент ги збуни своите следбеници на социјалните мрежи откако објави видео во кое раскажува приказна за тоа како открила дека нејзиниот постар брат, Вил, всушност е нејзин близнак.

Откако добила стотици пораки од луѓе кои бараа соодветно објаснување, таа објасни како точно настанало нејзиното уникатно семејство.

„Мојот брат е постар две години, ние сме близнаци затоа што сме родени преку ин витро и сме формирани во иста утроба“, започна Сара. „Но наместо мајка ми да не` носи и двајцата во исто време јас бев извадена и ставена во ин витро замрзнувач две години, како ембрион се разбира, додека мојот брат близнак беше всаден во утробата на мајка ми“.

Приказната на Сара предизвика многу дискусии за тоа дали децата родени со помош на ин витро всушност се класифицирани како „близнаци“.