Девојка по грешка се издрогира со необична и опасна дрога

Рафаела Вејман на TokTok сподели застражувачко искуство кога таа и нејзината пријателка се издрогирале со мирисање на цвет.

На видеото, Вејман, позната како @songsbyralph на TikTok, бјасни дека таа и нејзината најдобра пријателка оделе кон куќата на друга пријателка и не можеле да престанат да го мирисаат цвеќето што го нашле. За жал, ова не било обичен цвет, девојките мирисале растение познато како едно од „најстрашните дроги во светот“.

Watch on TikTok

Во клипот, Вејман објаснува дека откако го мирисале цветот, отишле на забавата на нивната пријателка, но морале да заминат:

„Кога пристигнавме на роденденот на нашата пријателка, двете одеднаш се почувствувавме многу лошо и моравме да заминеме“.

„Кога се вратив дома, заспав, имав луди соништа, а доживеав и ноќна парализа за прв пат во мојот живот“.

Како резултат на овој чуден инцидент, девојката истражила за цветот.

„Излезе дека цветот е отровен и случајно се издрогиравме како идиотки“.

Цветот за кој станува збор е бурунданга, исто така познат како „ѓаволски здив“ – халуциногена и потенцијално смртоносна дрога.

Вдишување на дрогата во поголеми дози може да има опасни последици. Познато дека во Колумбија, дури 50 000 луѓе годишно се хоспитализирани поради предозирање со бурунданга.