Девојка раскажува дека не можела да се сети како завршила во хотелска соба, а ден подоцна нашла „чудна трага од игла на ногата“

Една жена стравува дека ѝ била инјектирана дрога додека го посетувала божиќниот пазар во Манчестер, откако открила нешто што изгледало како „трага од игла“ на нејзината нога.

19-годишната Ања Витакер-Китинг верува дека била нападната додека го посетувала Манчестер со нејзината пријателка на 20 ноември.

Зборувајќи за своето искуство, Ања рече дека уживала во некои пијалоци на пазарот пред „да ѝ падне мрак пред очи“ и да се разбуди следното утро во нејзината хотелска соба.

Таа рече дека испила само две чаши вино и малку пиво.

Откако се разбудла, таа рече дека се чувствувала „премногу поспана“, а нејзината пријателка ѝ кажала дека се однесувала како да била многу пијана.

Ања рече: „Сме резервирале соба во хотел, но не се сеќавам дека дојдов таму, само се сеќавам дека кога се разбудив следното утро, се препотував и не знаев што се случило“.

Еден ден подоцна, Ања рече дека забележала мала трага на горниот дел од ногата, и откако се консултирала со лекар, ѝ било кажано да оди да ја испита крвта и ѝ била дадена вакцина против хепатитис Б.

Откако ќе стигнат резултатите од крвната анализа лекарите лекарите ќе можат да утврдат дали девојката била издрогирана или не.

Ања рече: „Тоа е ужасно. Бев навистина шокирана бидејќи имам слушано како ова се случува на други луѓе и бев шокирана што и мене ми се случи“

Полицијата од Манчестер оттогаш потврди дека се информирани за инцидентот и дека истрагата е во тек.

Советникот Пат Карни, портпарол на центарот на градското собрание, рече: „Се разбира, бевме запрепастени кога го слушнавме овој извештај. Никој што ужива на божиќните пазари, или на кое било место во градот, не треба да се чуствува загрозено“.