Девојка сфати дека момчето ја изневерува откако тој ѝ прати селфи

Тоа бил еден сосема обичен ден кога 24-годишната Сиднеј Киш добила селфи од нејзиното сега поранешно момче. Тој ѝ пратил селфи од себе со очила за сонце како се вози во својот автомобил. На прв поглед ништо необично, зарем не?

Сепак, по подетален преглед на фотографијата Сиднеј забележала што се рефлектира во очилата за сонце на нејзиното поранешно момче. Вниманието ѝ го привлекло она што го видела на совозачкото седиште.

Девојката се шокирала кога сфатила дека до него седи девојка во кратки шорцеви и изгледа прилично опуштено на фотографијата. Девојката направила и Тик Ток видео за да го покаже начинот на кој го открила неверството. Сиднеј напишала: „Не беше неговата сестра, не беше неговата братучетка.“ Придружниот наслов на објавата ги потсетуваше жените да го „проверат одразот кај очилата на своите момци.“ бидејќи ги поттикнува другите да бидат претпазливи во случај нивниот партнер да изневерува на толку очигледен начин.