Девојка со трагична судбина и ангелски глас го воодушеви жирито на „Америка има талент“

Секој кој гледал барем малку „Америка има талент“ знае дека најпроблематичниот член на жирито е Сајмон Коуел и тој многу тешко се импресионира и знае да биде многу суров ако нешто не му се допаѓа. Но, една девојка го освои и неговото срце.

30-годишна девојка од Охајо се појави на сцената и се претстави како Nightbird, односно „Ноќна птица“ во превод. Навидум оваа девојка изгледа ОК, но откако ќе им раскаже што се случува сфаќаат дека носи голем товар. Девојката се бори со тешка болест, рак и призна дека моментално има рак на белите дробови, црниот дроб и ‘рбетот. Таа им испеа песна која ја напишала сама и го опишува нејзиниот живот во последната година, песната се вика „Во ред е“ и го доби она што навистина го заслужува.