Девојка споделува морничав феномен пријавен од таксисти по јапонскиот земјотрес и цунами

ТикТокер истакна морничав феномен пријавен од разни таксисти по јапонскиот земјотрес и цунами во 2011 година.

Приближно 20.000 луѓе ги загубија своите животи откако огромно цунами го поплави крајбрежјето во северо-источна Јапонија по земјотресот. Се проценува дека брановите достигнале височини од 38 метри, приближно колку зграда од 12 ката.

Последиците беа ужасни, стотици домови беа уништени и голем дел од луѓето беа изгубени во водите. Но има и такви кои веруваат дека ова катастрофа долена и „паранормално присуство“.

@reallifeghoststoriesTsunami Ghosts ##fyp ##reallifeghoststories ##paranormal ##ghost ##creepy♬ Amityville Horror – Scary Halloween Sound Effects – Halloween Sound Effects

Ема од „Подкаст за вистински паранормални приказни“ зборува за вознемирувачките глетки пријавени од таксистите во оваа област во изминатите години, од кои многумина веруваат дека разговарале со еден од оние што починале тој страшен ден.

Ема рече:

„Таксистите ќе собереле паткик и тие најчесто биле мокри до коска. Повеќето од нив барале да бидат однесени во уништената зона на адреса која веќе не постои“.

„Кога таксистот ќе пристигнел таму, патниците веќе биле исчезнати. Ова стана толку редовна појава што таксистите буквално почнаа да ги плаќаат цените за нивните сенишни патници“.

Уште во 2016 година, Јука Кудо студент на Универзитетот „Тохоку Гакуин“, интервјуирала повеќе од 100 таксисти во погодениот град Ишиномаки за нејзината дипломска теза.

Преку овие интервјуа, Јука откри дека повеќе таксисти тврдат дека имале многу слични средби кои датираат од 2011 година, а мистериозните клиенти исчезнале без трага. Најмалку 3.162 луѓе загинаа само во Ишиномаки за време на цунамито.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.