Девојката ќе ви покаже решение за дамки од црвено вино кое може да ве спаси од незгодни моменти

Девојка на Твитер сподели решение откако дамка од црвено вино за малку ќе ја уништеше вечерта на нејзината пријателка.

Миа Вилијамсон објави фотографија на Твитер од белата облека на нејзината колешка Ел, откако на неа било истурено црвено вино.

Меѓутоа, наместо да плаче и да го напушти настанот како што би направиле повеќето од нас, Вилијамсон стана креативна.

Наместо да ја испрати Ел за да купи прашак за перење алишта, Вилијамсон нарача уште четири чаши црвено вино за да го реши проблемот.

Резултатите може да ги видите самите.