Девојката морала да си оди дома скоро гола, откако фустанот кој го платила 75 фунти почнал да ѝ се распаѓа на новогодишната забава

21-годишната Дестини Кембел отпатува во Ливерпул за да го прослави почетокот на 2022 година, но нешто по полноќ, помалку од два часа откако прв пат го облекла фустанот, тој почна да се распаѓа.

Девојката платила 75 фунти (5500 денари) за сребрен фустан со средна големина од Sorelle UK уште во ноември и одвај чекала да го облече.

После инцидентот, кога девојката се јавила да ѝ ги вратат парите, таа вели дека била уште повеќе понижена. Менаџерот за продажба на компанијата ѝ рекол дека при купување морала да ја избере „вистинската големина“.

Од продавницата тврделе дека не се работи за фабричка грешка туку дека девојката едноставно го искинала фустанот. Дури откако таа се заканила дека ќе ги тужи заради целиот срам, решиле да ѝ ги вратат парите.