Девојката направила катастрофална грешка по ставање на филери на усните

Британка која се напила алкохол само неколку часа откако добила филери за усни, била шокирана кога лицето ѝ станало страшно отечено.

Морган Проудлок се обидела да ги зголеми усните со вбризгување хијалуронска киселина, еден вид филер за усни, но откако ја поминала процедурата, таа излегла на неколку пијачки со пријателите за кои набрзо зажалила.

Како што објасни на TikTok, таа се разбудила следното утро и била шокирана кога открила дека нејзините усни, и областа околу нив, биле екстремно надуени и отечени.

Не само што речиси двојно се зголемиле, туку таа рече дека болката била „смешна“.

Морган го нарече ова „најлошото нешто што некогаш го направила“.

„Пиев алкохол откако ставив филери за усни и вака се разбудив“, напиша таа во видеото, покажувајќи слика на која е со надуеното лице.

Според „GreatCityMedical.com“, најдобро е да избегнувате пиење алкохол или пушење 24 часа по инјекциите во усните.

Алкохолот може да дејствува како разредувач на крвта, што ја зголемува веројатноста за појава на модринки, воспаление и оток.

Пиењето алкохол исто така може да дехидрира, а се препорачува да пиете многу вода откако ќе ставите филер за усни за кожата да остане хидрирана.

Во делот за коментари, Морган објасни дека нејзината несреќа се случила пред извесно време и оттогаш таа целосно оздравела.

Таа, исто така, рече дека не пиела „толку“ алкохол, но призна дека дефинитивно ја научила лекцијата од тешкото искушение.

Многу луѓе реагираа, а додека некои велеа дека нејзините усни се сосема „нормални“ и дека тоа им се случило и на нив, други ѝ предложија веднаш да оди на лекар за да се увери дека нема алергиска реакција.

За среќа, во друг клип, Брајана ги информираше своите следбеници и откри дека нејзините усни се вратиле во нормала.

Таа, исто така, откри дека разговарала со нејзиниот лекар, кој и рекол дека ќе биде „добро“.