Девојката не можела да си најде свадбен фустан за каков што цел живот сонувала, па решила да ослаби 50 килограми

26-годишната фризерка Мередит Хатсон од Тексас, САД тежела 116 килограми. Таа цел живот имала проблеми со прекумерната тежина. Испробала разни диети, но успеала само извесно време да ослаби малку, по што килограмите се враќале.

„На 24 години се соочив со сериозни здравствени проблеми кои ме натераа да размислувам за иднината. Секој ден ме мачеа главоболки, осип, вртоглавици. Лекарите не можеа да направат дијагноза, со исклучок на проблеми со тироидната жлезда“ – објаснува Мередит.

Врв на сите проблеми бил моментот кога девојката се омажила и закажале свадба за 1 година. Таа почнала да пробува венчаници, но ниту една не ја собирала. Така таа решила да направи промени, а тајната не е во вежбањето, туку во следново:

Претходно Мередит појадувала крофни, а за ручек јадела брза храна. Во текот на денот, таа грицкала чипс, макарони со кашкавал и слатки, а за вечера јадела храна подготвена во микробранова печка или повторно брза храна.

Откако започнала да се храни здраво, чисто месо, риба, млечни производи, без шеќери и масти, работите почнале сами од себе да се поправаат иако количински не ја намалила храната.

Сега таа тежи 65 килограми и погледнете ја како изгледа.