Девојката само сакала да си објави фотографија во новото здолниште, но сите забележаа нешто што не треба да е таму

Шенон Батод Глустершир, Велика Британија, го направи она што го прават многу луѓе кога сакаат да покажат на социјалните мрежи дека имаат нови парчиња облека.

Таа си направила убава фотографија пред огледалото во тоалетот во новото здолниште, но не забележала што „демне“ во позадината.

Фотографијата стоела на Инстаграм неколку часа, а одеднаш пријателката на 22-годишната девојка го забележала „натрапникот“. Пријателката дури и не можела да ѝ раскаже на Шенон затоа што како што вели таа „се гушела од смеа“. Доколку добро ја погледнете фотографијата ќе забележите во малото огледало зад Шенон од левата страна се гледа маж како си го брише голиот задник.

Да, токму така. Шенон ставила фотографија на социјалните мрежи од нејзиното момче Хери, како си го брише задникот. Секако тука е и таа, но секој кој го забележал Хери најверојатно повеќе не ја ни забележувал Шенон.

Шегите на сметка на „ѕвездата“ од фотографијата веднаш почнале, од типот: „Кој се брише додека стои? Тоа е многу валкана работа.“ или пак „Мене ме загрижува фактот што не можам да видам тоалетна хартија.“