Девојки, ако сака и Месечината ќе ви ја донесе! Вработен во НАСА украл месечеви карпи за нешто што ретко кому би му паднало на памет
Тад Робертс, 25-годишен приправник во НАСА, ѝ ветил на својата девојка дека ќе ѝ ja даде Месечината — и за разлика од многу други пред него, тој навистина го исполнил тоа ветување.
Во 2002 година, Робертс ја вклучил својата девојка Тифани Фаулер (и таа приправничка во НАСА) и уште еден приправник, Ше Саур, во план да провалат во Центарот Џонсон на НАСА и да украдат 8 килограми месечеви карпи, вредни до 21 милион долари. Со своите службени пропусници, тројцата влегле во објектот по работното време и изнеле сеф тежок 270 килограми, во кој се чувале примероци од сите Аполо мисии.
Но, најшокантното не било самата кражба — веднаш потоа, Робертс и Фаулер ги расфрлиле месечевите карпи по креветот… и имале сексуален однос врз нив.
ФБИ стапи во акција по обид за продажба
По „романтичниот гест“, групата се обидела да ги продаде украдените примероци на интернет, за цени од 2.000 до 8.000 долари по грам, преку сајтот на Минералошкиот клуб од Антверпен, Белгија. Белгиски колекционер на карпи ја видел објавата и веднаш го контактирал ФБИ.
Агентите измислиле приказна во која еден „колекционер“ испратил порака до „Орб Робинсон“ — лажно име под кое месечевите карпи биле понудени на продажба.
Гордон МекВортер, кој бил четвртиот соучесник во кражбата, го водел онлајн огласот и комуникацијата со „колекционерот“. Тој им рекол на крадците да ги контактираат неговите „роднини“ во Пенсилванија за да организираат средба.
Но, тие „роднини“ всушност биле агенти на ФБИ.
Средбата била закажана за 20 јули 2002 година во италијански ресторан во Орландо, Флорида — токму на 33-годишнината од слетувањето на Аполо 11.
Кога Робертс, Фаулер и МекВортер пристигнале, Робертс иронично рекол: „Се надевам дека не носиш прислушкувач“. Агентката Лин Билингс, која седела спроти него — навистина носела. По вечерата, сите заедно отишле во хотелската соба каде што ги чувале карпите, и таму агентите ги уапсиле.
Саур била уапсена истата вечер во Хјустон, Тексас.
Затворски казни и уништено научно наследство
Робертс, Фаулер и Саур признале вина за заговор и меѓудржавен транспорт на украдени добра. Робертс добил повеќе од 8 години затвор не само за кражбата на месечеви карпи, туку и за крадење фосили од музеј во Јута — кои ФБИ ги пронашол при претрес на неговиот дом.
Фаулер и Саур добиле 180 дена куќен притвор и 150 часа општествено корисна работа, додека МекВортер добил 6 години затвор.
Научната штета била огромна: месечевите примероци биле контаминирани и безвредни за истражување, а дополнително биле уништени три децении рачно пишувани истражувачки белешки на НАСА научник, што биле чувани во сефот.
По предвремено ослободување во 2008 година, Робертс станал теоретски физичар и автор. Во интервју во 2011 година, изјавил:
„И јас, како и многу други, чувствувам восхит од месечевите карпи и нивното значење за човештвото. Но тој восхит не живее во карпите — тој ѝ припаѓа на целата човечка раса.“
„Од искуство можам да кажам: има далеку подобри начини да се почувствува нашата големина и маленкост отколку со кражба на парче од Месечината. Не ги повторувајте моите грешки.“
Коментирај анонимно