Девојки покажуваат како ги насамаруваат мажите со своите „совршени“ фотографии на социјалните мрежи

Не е тајна дека измамите на интернет се честа работа и има од секаков вид, од порачување на производу кои пристигнуваат како нешто сосема друго, до лажни инфлуенсерки кои воопшто не изгледаат така во живо. Но, што ако ви се допадне некоја девојка преку социјалните мрежи и во живо излезе дека воопшто не изгледа така.

Американците имаат и израз за ова кој се нарекува „Catfish“. И, ова е новиот предизвик на ТикТок. #CatfishChallenge, каде што девојките на Тик Ток ги откриваат своите вистински лица зад совршените фотографии со филтери, фотошоп и добри агли. Во суштина, тоа целосно го разоткрива верувањето дека секој изгледа како супермодел во нивниот секојдневен живот.