Директор ги наградил сите непушачи во компанијата со бонус слободни денови

Може да биде прилично фрустрирачки за непушачите додека ги гледаат своите колеги пушачи како постојано си земаат кратки паузи од работата за да испушат по една цигара, едноставно затоа што имаат „изговор“ за тоа.

Еден директор од Стратон, Вилтшир сметал дека токму ваквото однесување е неправедно и решил на своите вработени кои се непушачи да им даде дополнителни четири дена годишен одмор.

Управниот директор на компанијата за обука, Дон Брајден смета дека работниците кои пушат можат да поминат најмногу еден час на ден во текот на работниот ден вршејќи ја оваа активност. Така тој решил да им се одолжи на сите оние вработени кои остануваат на своите работни места додека нивните колеги прават кратки паузи.

„Тие пушат четири, пет, па дури и десет цигари на ден и секоја цигара одзема 10 минути поминати надвор. Ги набљудував останатите за време на овие паузи и тие секогаш се на телефоните обидувајќи се да ја завршат својата работа, па затоа мислев дека треба да бидат компензирани.“, објаснува Дон.

Дон, кој раководи со логистичка фирма „KCJ Training and Employment Solutions“ вели дека некои од вработените му се „колнеле“ дека ќе го остават пушењето само за да ги добијат слободните денови. Но, тој вели дека тоа не функционира така и дека доколу наредните 12 месеци се откажат од пушењето и тие ќе ги добијат тие слободни денови.