Директорот на OpenAI со застрашувачка изјава: „Ерата на супер – интелегенцијата започна. Нема ни да приметиме кога се променил светот!“
Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, тврди дека човештвото веќе влегло во ерата на дигиталната суперинтелигенција – но дека најголемиот дел од луѓето сѐ уште не го свесуваат тоа.
„Го поминавме хоризонтот на настани – промената веќе започна. Човештвото е навистина блиску до градење дигитална суперинтелигенција, а искрено, сето тоа изгледа многу понормално отколку што се очекуваше.“
Вештачката интелигенција веќе ги надмина луѓето
Во својата најнова блог објава, Алтман пишува дека вештачката интелигенција веќе ги надминува луѓето во задачи како кодирање и анализа на податоци – и тоа е само почетокот.
Според него, до 2026 година AI ќе почне да создава навистина оригинални идеи. До 2027, роботи ќе можат да извршуваат реални работни задачи, а до 2030 можеби ќе имаме толку многу интелигенција и енергија на располагање што создавањето нови технологии ќе стане речиси моментално.
„Нежна сингуларност“
Овој процес го нарекува „нежна сингуларност“ – промена што нема да се случи преку ноќ или со експлозија, туку тивко, постепено и речиси незабележливо. AI ќе продолжи да се подобрува во позадина, додека животот изгледа нормално. И потоа, еден ден, ќе сфатиме дека сè е веќе променето.
Прашањето што произлегува е – ако сме веќе таму, зошто светот сѐ уште изгледа ист?
Можеби се прилагодуваме побрзо отколку што мислиме. Или, пак, се движиме кон иднина што не ја разбираме целосно – без да бидеме свесни за тоа.
Коментирај анонимно