Дискусија на денот: Се оди ли вака во супермаркет?!

Австралиска медицинска сестра останала шокирана и збунета откако странец ѝ искоментирал за нејзината облека за време на нејзиниот шопинг. Хајли Хупер, отишла да купува работи за по дома откако ја посетила теретаната и носела црвен спортски градник, розови шорцеви со соодветни патики и капа.

 

 

 

38-годишната девојка рече дека стоела пред рафтовите за женска облека кога жена, за која се претпоставува дека имала околу 40-тина години, вриснала кон неа.

„Таа ме погледна, го фати за рака на своето најмало дете и ми рече: „Треба да се срамиш, прикриј се!“ – рече Хајли. 

 

 

 

„Ми требаше еден момент да сфатам што рече! Бев шокирана, само на 50 метри беше делот за активно облека. Целата моја облека беше од истиот тој дуќан купена еден месец порано. Колку моронично – ако жената некогаш зачекореше во теретана, ќе сфати дека ова е сосема нормална облека. Сè што можевте да видите е еден сантиметар од мојот стомак и шорцеви со нормална должина за велосипед и не можам да се воздржам од фактот дека имам големи гради. Каква ми е негативната слика овде? Некој кој е фит и здрав. Искрено, начинот на кој таа го рече тоа, ме вознемири.

 

 

„Одвратниот“ испад ја оставил Хајли во неверување и таа се запраша како некој може да биде толку застарен. Хајли работи како медицинска сестра и секако дека ги промовира тие големи гради и на „Only Fans“, и за жал ова не е прв пат да биде „линчувана“ врз основа на нејзината облека.

Една недела претходно, таа била избркана од ресторан, затоа што келнерот ѝ рекол дека не смее да се доаѓа таму во „облека за на плажа“. Дефинитивно таа треба да промени нешто со нејзината облека, нели?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *