Дивата Бијонсе повторно плени со елегантна тоалета која совршено ги истакнува нејзините облини

Бијонсе го украде сите погледи на премиерата на новиот филм на „Нетфликс“ „The Harder They Fall“ кога пристигна во елегантна црна тоалета.

 

 

Бијонсе се појави во фустан затегнат до кожа, кој совршено ја отсликува нејзината фигура на песочен часовник.

 

 

Црниот кадифен фустан на пејачката е долг до земјата, па нејзините црни потпетици на платформата со отворени прсти не беа во центарот на вниманието, за разлика од нејзиното бујно деколте.

Модните додатоци ги сведе на минимум, носејќи само мала светкава ташничка.