Дизелот на „Макпетрол“ ќе се продава за цена три денари пониска од таа објавена од РКЕ

Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена.

По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар.

И дел од другите горива на бензинските станици на „Макпетрол“ веќе се продаваат за цена пониска од два денари од тие објавени од Регулаторната комисија за енергетика.

Горивото Еуросупер БС-95 на „Макпетрол“се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 чини 86,5 денари.

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави следните цени на горивата: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 (денари/литар); ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 (денари/литар); ЕУРОДИЗЕЛ БС – 95,50 (денари/литар).

  • gsefes напиша:

    Многу фер од Макпетрол арамиите што забрануваа точење нафта во кола, и гориво (вклучувајќи и бензин) во туби.. Исто фер што коментираа минатата недела дека 2 денари од Окта се малку за сега да дат тие појќе попуст. Арамии од невидени размери! Убаво им напраја во Битола со конкуренцијата и патот, нека си свират сега на бензинот.

  • Ѓоко напиша:

    Убаво од Мак петрол само за жал некако доцнат како теретен воз пред конкуренцијата а и да смогнеа сили некако во 90-тите години од минатиот век кога се приватизираше рафинеријата Окта да ја купат е тогаш во вакви кризни времиња за граѓаните и стопанството ќе имаше поголем ќар а ќе претставуваше и голем стратешки потег на Мак Петрол.
    вака останува само да се надеваме дека горивото на пумпите на Мак петрол ќе може граќаните слободно и без ограничувања да го точат.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *