Дизни ги претстави своите први костими за младите со инвалидитет

Секогаш е убаво кога ќе се види дека познатите прендови се грижат и за луѓето со инвалидитет. На пример неодамна Дизни дојде со идеја да ги направи првите костими и прекривки за инвалидски колички за да можат децата да се чувствуваат поубаво на Ноќта на вештерките. Овие нови костими се инспирирани од Toy Story, The Incredibles 2 и Пепелашка, така што сега секое дете o Halloween ќе може да се претвори во некој од своите омилени волшебни ликови.

Очигледно, овие маски за инвалидска количка се вклопуваат во повеќето инвалидски колички, доаѓаат со 12 или 22 придружни пластични парчиња цевки за дополнителна стабилност, се лесни за склопување и ги вклучуваат сите потребни упатства.

Дизни истакнува дека инвалидската количка мора да се управува со помошник кога ќе се закачат костумите и дека не треба да се користи кај инвалидски колички на батерии.

Што се однесува до костумите тие се отвораат во задниот дел само за облекување, задниот дел од здолништето на костумот на пепелашка е целосно отворен за носење што го прави пријателски настроен за инвалидска количка, здолништето е со должина на глуждот за да им одговара на децата кои што ќе седат.