„Дизни“ со НАМАЛЕНА премиера на филмот „Снежана“ поради контроверзии

Дизни го намалува обемот на премиерата на својот играно-анимиран римејк „Снежана“, откако филмот предизвика бројни реакции поради наводната „воук“ агенда. Иако продукцијата чинеше околу 269,4 милиони долари, премиерата на 15 март во театарот El Capitan во Лос Анџелес ќе биде со ограничено медиумско покривање.

Кастингот на Реиџел Зеглер за улогата на Снежана наиде на критики, особено поради одлуката да се редефинираат класичните елементи на приказната – од исфрлање на традиционалната романса до заменување на седумте џуџиња со „магични суштества“ од различни раси и полови. Изјавите на Зеглер, која го нарече оригиналниот филм од 1937 година „застарен“ и го критикуваше приказот на жените во него, дополнително ги зголемија контроверзиите.

 

„Дизни“ со НАМАЛЕНА премиера на филмот „Снежана“ поради контроверзии

Нема да има повеќе 7 џуџиња

Дизни, свесен за можниот „анти-воук“ бојкот, реши да го ограничи медиумското присуство и прес-интервјуата на главната актерка. Изјавите на Зеглер, како и на Питер Динклиџ, кој ја критикуваше приказната за џуџињата како „назадна“, поттикнаа дебати за пристапот на студиото. Дизни одговори дека консултирал претставници од заедницата на лица со џуџест раст за да избегне стереотипи.

Филмот, кој ќе понуди нова верзија на Снежана како „бестрашен лидер“, наместо девојка што сонува за љубов, веќе предизвикува поделени реакции. Остатува да се види како публиката ќе го прифати овој модерен пристап кон класичната бајка.

 

Нема да има повеќе 7 џуџиња

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *