Дизни вети дека ќе му помогне на тато кој нема уште многу од животот за да гледа нивен филм заедно со синот

Хоспис во Хемпшир упати молба до Дизни да му помогнат на пациент да го види претстојниот филм „Војна на Ѕвездите“ со неговиот син пред да биде предоцна.

„The Rise of Skywalker“ ќе ја прикаже приказната 42 години во изработката. За долгогодишните обожаватели, ова е задолжителн филм во годината.

За жал, Роуанс Хоспис во Ватерловил, Хемпшир, има пациент кој можеби нема да ја дочека премиерата на филмот на 19 декември, но овој човек очајно сака да го гледа филмот заедно со неговиот син. За среќа, хосписот доби одговор. Боб Игер, претседател и извршен директор на компанијата „Волт Дизни“, одговори на твитот, велејќи: „Ве молам, доставете ми ги потребните детали и сигурно ќе се обидеме“.

Да се надеваме дека последната желба на човекот на смртна постела ќе биде исполнета и тој и неговиот син ќе можат да уживаат во убавите, но за жал последни моменти заедно.