„Дневникот на еден морепловец“: Необична промоција на книга во Битола за авантурите на Македонец на брод
Во опуштена атмосфера, во „Бутик за Алкохол – Гермит“ во новиот пазар во Битола, се одржа промоција на книгата „Дневникот на Еден Морепловец“.
За ова дело, напишано за време на првиот 8-месечен работен договор на брод за крстарење на авторот, Теодор Кузман, но и за избраното место за овој настан, тој ќе каже:
„Интересни приказни, кршење правила, смешни ситуации, макотрпна работа (од соништата), ‘издувни вентили’, себеспознавање, забави со неизвесен исход, чудни верувања и прехранбени навики, добри дела„Дневникот на Еден Морепловец“ е прозорец кон еден сосема поинаков и возбудлив свет.
Што се однесува до местото за промоција, тоа не е избрано поради тоа што и мојата книга содржи неколку проценти алкохол и таму би се чувствувала како дома. Ниту поради фактот што никогаш не сум излегол на по некој пијалак со другарите, туку секогаш сме оделе „да прочитаме по некоја книга“. Се работи за вродена потреба да живеам надвор од секој шаблон, а неодамна, локалната книжарница од каде што цел живот купувам книги ме мотивира да го направам тоа и со мојата книга.
Со чувство на неизмерна возбуда, тоа утро отидов во книжарницата со намера да договорам термин за промоција и продажба на мојот дневник. И се до влезот во тој објект, мојот дел беше завршен беспрекорно: Книга напишана во сурови услови и со нестандардна и интересна тематика (книгата е пишувана секоја вечер после 15-тина часови работа), испечатена без поддршка од министерства или издавачки куќи, еден куп позитивни коментари од оние кои веќе ја прочитале, и во книжарата е влезено со десна нога.
Но, неколку моменти подоцна, сопственикот ме изненади како јануарски снег – ми кажа дека престанале да продаваат книги од македонски автори а со тоа немало смисла во неговата книжарница да се прави промоција на македонска книга. Верувајќи дека сум тропнал на погрешна врата, првично сакав да продолжам да барам, но….. “Пријателе, одамна не си излегол од матрицата, а и овај шамар ти е добар знак. Промоцијата не мора да биде во книжарница, не мора да биде на правоаголна маса со бел чаршав, и не мора да се чувствуваш непријатно во сопственото одело тој еден час,” ми кажа внатрешниот глас, а јас продолжив кон следниот објект на патот, „Бутик за Алкохол – Гермит“. Таму, за среќа наидов на разбирање од сопствениците, кои, имам впечаток дека повеќе од почит кон мојот труд ми дозволија промоцијата да ја направам во нивната продавница.
За крај, порака до читателите (исто и до книжарниците и издавачките куќи). Поддржете македонски автори. Нивните книги можеби не се напишани на изолирани плажи и во планински куќарки, но произлегуваат од вистината и животот”.
А доколку сакате и вие да научите нешто ново за светот и да ги поддржите нашите македонски автори, книгата можете да ја купите ТУКА по многу симболична цена.
Ојдов, видов и…ниту алкохол купив, па ниту книга купив.
И двете работи не ги консумирам…и од двете работи ми се лоши и ми иди да повраќам.
Najdobro e da si sedis doma i da si povrakas Ti ne si za megu luge
Коментирај анонимно