До каде стигна науката: Во Америка се пуштаат 2 милијарди генетски модифицирани комарци

Веќе неколку години британските научници си играат Господ со комарците. Во 2021 година, биотехнолошката компанија Oxitec пушти 750 милиони генетски модифицирани комарци на брегот на американската сојузна држава Флорида. Сега е одобрено пуштање на уште 2 милијарди таму.

Овие ќе бидат мажјаци, кои не касаат луѓе, за разлика од женките, кои едноставно сакаат да се гостат со човечка крв. Женките можат да бидат носители на цел куп заразни болести, кои исто така се карактеризираат со тешки последици. На пример, инфекцијата со вирусот на денга предизвикува болест слична на грип што може да доведе до смрт.

Комарците се генетски модифицирани на таков начин што по парењето со немодифицираните женки, потомството од ова парење брзо ќе умре.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!