Добил на лотарија, а не знаел: Човек од Мичиген купил ливче и еден месец го заборавил во паричникот, кога дознал колку пари освоил му се „снеарнило“
Еден човек од Мичиген добил на лотарија и не ни знаел за тоа, откако заборавил на добитното ливче што го купил еден месец пред тоа и го оставил во својот паричник.

Јандиел Круз-Чавез од Вајоминг, Мичиген купил лотарија Fantasy 5 во мај и повеќе не ни помислил на ливчето од 1 долар. Извлекувањето за играта на лотаријата се одвива секој ден, а Круз-Чавез го освоил џекпотот од 200.000 долари на 30 мај.
„Купив билет Fantasy 5 и заборавив дека го имам во паричникот до една недела по извлекувањето, го проверив билетот во продавницата и добив порака да поднесам барање, па ги побарав добитните броеви на Интернет. Кога сфатив дека го освоив џекпотот, на почетокот бев во неверување. Наградата дојде во совршено време и е огромен благослов за мене и за моето семејство“- рече Круз-Чавез.


Коментирај анонимно