Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи се венчаше во Бирмингем и сподели слики од прославата

Малала Јусафзаи стана светски симбол за издржливоста на жените, откако беше застрелана во глава од талибанците во Пакистан, кога милитантната група се качи во нејзиниот училишен автобус во 2012 година.

Во 2014 година, таа стана нобеловец на само 17-годишна возраст, што ја прави најмладата  добитничка на наградата.

Сега, 24-годишната девојка се венчаше со партнерот Асер Малик на церемонијата Никах на која невестата и младоженецот се согласуваат да се венчаат, а активистката сподели дека прославата означила „драгоцен ден“ во нејзиниот живот.

Малала се огласи на Твитер за да сподели фотографии од специјалниот ден со нејзините следбеници.

Таа напиша:

„Асер и јас се венчавме и станавме партнери доживотно. Прославивме со мала церемонија дома во Бирмингем со нашите семејства. Ве молиме испратете ни ги вашите молитви. Возбудени сме што ќе одиме заедно на патувањето што ни претстои“.

Објавата собра над 200.000 лајкови и 16.000 коментари, а корисниците им честитаат на младенците.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, напиша:

“Честитки, Малала и Асер! Јас и Софи  се надевам дека уживавте во вашиот посебен ден, ви посакуваме живот полн со среќа“.

Откако дипломираше на Универзитетот во Оксфорд, Малала стана водечки борец за човекови права, повикувајќи на подобра поддршка за авганистанските бегалци и продолжувајќи да се залага за образование на девојчињата и еднаквост на жените. Таа дури се сретна со уште една млада активистка, Грета Тунберг, за да разговарат за нивните заеднички каузи.