Добра причина за дружење: Необичен рибарски фестивал на кој мора да учествува по еден маж од секое домаќинство
Веќе двесте години жителите на селото Даулаптур во Бангладеш традиционално учествуваат на еден од најнеобичните риболовни фестивали во светот.
Со кошници од бамбус, мажите влегуваат во водата до колена за да го одбележат фестивалот наречен Поло Бава по името на препознатливата бамбусова мрежа со која се служат. Вообичаено е да учествува по еден маж од секое домаќинство, а роднина може да го замени доколку е потребно.
Фестивалот се одржува во време кога водите во низините се повлекуваат, а земјоделските површини сѐ уште не се подготвени за работа. На фестивалот доаѓаат стотици луѓе, како од селото така и од околината кои сакаат да учествуваат на настанот или само да гледаат. Освен убавото чувство да се фати некоја риба во мрежата, фестивалот во Бангладеш е омилен пред се поради смеата и добрата атмосфера, а како изгледа може да погледнете во нашата галерија.