Добра вест: Сега можете да си направите тетоважа која ќе ѝ се допадне на вашата баба

Везењето е занает што многумина од нас го поврзуваат со топлите и грижливи раце на нашите баби. Еден од најновите трендови за тетоважи е да изгледаат како да се везени на вашето тело. Тие во исто време изгледаат авангардни и нѐ прават носталгични.

Овие тетоважи се издвојуваат од кожата и изгледаат како 3Д налепници кои што луѓето ги носат на гола кожа. Би одобрила ли вашата баба ваква тетоважа?