Добредојдовте во 1,5 милионскиот футуристички дом на тркала: Внатре ќе најдете простор за масажа, вински фрижидери и гаража за вашиот автомобил
Со гаража, фрижидери за вино, столчиња за масажа и друго, овој прекрасен дом на тркала изгледа како од бајка.
Возилото кое е направено од унгарскиот производител „Дембел” и моментално е со цена од 1,5 милиони долари – беше прикажано во новото видео објавено од инфлуенсерот на „YouTube”, Енес Јилмазер.
За време на неговата сеопфатна турнеја, тој го споредува подвижното живеалиште од 23 тони со „вселенски брод“ или „исклучителна италијанска јахта“, поради неговата „елегантна надворешност“ и „промислено дизајнирана внатрешност“.
Тој вели дека „најважниот и уникатен аспект на овој автомобилски дом“ е тоа што можете да паркирате возило со целосна големина во него.
На видеото може да се види како „Мерцедес 280СЛ” влегува во гаражата, која се наоѓа на задниот дел од возилото.
Енес објаснува дека покривот на гаражата е и подот од спалната соба.
Оваа платформа може да се подигне кога спалната соба не е во употреба, за да се направи простор за паркирање на автомобил.
Потоа, кога моторната куќа е неподвижна, гаражата може да се испразни и да се пристапи до спалната соба.
Полнач се инсталира и ако сопственикот има електрично возило, а друга уникатна карактеристика на гаражата е тоа што има машина за перење и сушење за да можете да перете алишта во движење.
Некои од другите надворешни карактеристики на куќата на тркала вклучуваат интегрирана тенда која нуди заштита од сонце, автоматизирани скалила што се склопуваат и простор за складирање доволно голем за да се смести даска за сурфање.
На техничката страна, Енес објаснува дека возилото има мотор од 530 коњски сили.
Коментирај анонимно