Добредојдовте во Мекдоналдски! Русите брзо ги заменија американските синџири за брза храна и си направија своја верзија

Русите се собраа да јадат на отворањето на првиот заменски ресторан за Мекдоналдс во земјата наречен „Вкусно и Точка“

Ребрендираниот ресторан на плоштадот Пушкин, во центарот на Москва го замени Мекдоналдс во сѐ, освен името, откако американскиот гигант за брза храна се повлече од Русија минатиот месец – ги затвори своите 847 филијали и ги отпушти своите 60.000 вработени.

„Војната на Путин во Украина го направи бизнисот ‘неодржлив’.“, напиша извршниот директор на Мекдоналдс, Мајк Кемпчински во средината на мај.

Рускиот бизнисмен Александар Говор, кој водеше 25 филијали на Мекдоналдс во Сибир, ги купи сите 847 локации од компанијата пред три недели. Г-дин Говор исто така е дел од сопствеништвото на Нефтехимсервис, градежна компанија која води рафинерија за нафта. Работењето на гигантот за брза храна во Русија вредеше околу 9% од неговиот годишен приход, или 2 милијарди долари.

Мекдоналдс го отвори својот прв ресторан во Советскиот Сојуз на плоштадот Пушкин на 31 јануари 1990 година, со присуство на илјадници Руси.

Помалку московјани се појавија на Вкусно и Точка – што исто така е преведено како „Вкусна точка“.

Но, сепак, беа забележани стотици кои го сакаат и се борат за залак од алтернативата на Big Mac, „Grandee“. Еден човек беше исфрлен од прес-конференцијата за лансирање бидејќи држеше натпис на кој пишуваше: „Врати го Биг Мек“.

Иконскиот хамбургер и McNuggets веќе не се на менито, но менаџерот за квалитет на новата компанија инсистираше дека производите се практично непроменети.

Не е јасно дали сите „нови“ рецепти на ресторанот се исти како порано. Во знак на брзањето што новите сопственици мораа да го ребрендираат навреме ресторанот за лансирањето, голем дел од пакувањата за помфрит и хамбургери беа обични бели кеси.

Чашите за пијалоци и кесите за носење беа обични кафени. Старото лого на Мекдоналдс на пакетите кечап и други сосови беше покриено со црн маркер. Менито е помало но и поефтино. Не ги нудат Биг Мек и некои други хамбургери. Двоен чизбургер чини 129 рубли (2,31 долари) во споредба со приближно 160 во Мекдоналдс, а фишбургер е 169 рубли, во споредба со околу 190 претходно.