Добро е имало и бетер кампањи од нашите: Обама рапува со Еминем и го навредува Трамп во „freestyle“
Доналд Трамп го нарече Барак Обама „глупак“ за време на предизборниот собир во Северна Каролина. Трамп рече дека Обама изгледал „уморно“ и тврди дека „не му е грижа“ за државата.
„Мислам дека е вистински глупак. Го гледав како води кампања овие денови,“ рече Трамп. „Го дели народот и воопшто не му е грижа“.
Во меѓувреме, Обама возврати на Трамп за време на собир во Детроит, каде што се шегуваше на сметка на поранешниот претседател за тоа што продава патики и часовници за време на својата претседателска кампања. Обама дури и рапуваше на сцената откако беше најавен од раперот Еминем.
„Кој продава патики кога се кандидира за претседател?“ се пошегува Обама. „Тој продава златни патики и часовници од 100.000 долари. Вели дека се направени во Швајцарија, но кој знае навистина?“
Обама продолжи да се потсмева на Трамп. „Одлично е да се вратам во Мичиген, назад во Мотор Сити. Слушнав дека имало друг собир тука во петок, ама бил малку помал,“ со што јасно сакаше да го налути Трамп.
Обама исто така го исмеа Трамп за тоа што продава производ наречен „Библијата на Трамп.“ Со смеа, Обама се пошегува дека веројатно не е ниту направена во САД.
Трамп одговори велејќи дека Обама воопшто не сакал да води кампања за Камала Харис. „Го влечат наоколу. Не сака да го прави тоа. Човекот изгледа уморно,“ рече Трамп. „Изгледа постар, зарем не? Нема ништо лошо во тоа, но е уморен“.
Обама потоа даде уште една шега на сметка на Трамп, потсмевајќи се на неговите долги говори. „Зборува по два и пол часа, ама само зборовен хаос. Не знаеш што вели,“ се пошегува Обама. Исто така се потсмеваше на Трамп за неговото незгодно танцување на еден од неговите митинзи.
„Имаше граѓански состанок неодамна, ама наместо да одговара на прашања, по 45 минути само пушти музика,“ рече Обама. „Тој стои горе и се клати на „Ave Maria“ и „YMCA.“
Обама зборуваше за митингот на Трамп во Детроит, каде микрофонот на Трамп не работел 15 минути, и песната „Eye of the Tiger“ се пуштала на звучниците.
Обама се пошегува, „Нашата плејлиста можеби е подобра. Јас би ја ставил „Lose Yourself“,“ реферирајќи на хитот на Еминем. Потоа Еминем излезе на сцената, давајќи скромно воведување и покажувајќи поддршка за Камала Харис.
Еминем ги охрабри сите да гласаат и рече дека луѓето не треба да се плашат да го кажат своето мислење. „Не мислам дека некој сака Америка каде што луѓето се загрижени што ќе се случи ако го кажат своето мислење,“ рече тој. Потоа додаде дека Харис ја поддржува заштитата на овие слободи.
Добро е имало и бетер кампањи од нашите.
Коментирај анонимно