Добро е што Бјанка Ценсори овојпат облече горен дел, арно ама не забележала дека доле е по гаќи

Бјанка Ценсори облече уште еден смел „аутфит“ за ручек со нејзиниот сопруг Канје Вест во историскиот „Шато Мармонт“. 29-годишната австралиска архитектка се одлучи за неверојатно тесен горен дел – без панталони – за нивниот состанок за ручек во Лос Анџелес во средата.

 

 

 

 

Бјанка, позната по своите разголени комбинации, носеше танга како долна облека и минималниот изглед го комплетираше со тегет капа. Раперот од „Flashing Lights“ внимателно ја следеше додека влегуваа во ресторанот. Иако откриваше, облеката на Бјанка беше повеќе прикривачка од од нејзините неодамнешни смели комбинации. На почетокот на оваа недела, таа се разголи во проѕирен мрежест горен дел, изложувајќи ги градите на „мегдан“, додека одеше во солариум во Лос Анџелес.

 

 

Нејзината облека и начин на облекување ги поместија границите и потенцијално може да се смета за непристојна изложеност според законот во Калифорнија, што може да резултира со прекршочна пријава. Ова доаѓа во време откако некои ресторани ветија дека ќе ја забранат двојката од нивните локали поради откривачката облека на Бјанка. Нејзиниот неодамнешен избор на облека предизвика критики, при што некои велат дека тие се несоодветни и не се добар пример за малите деца.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *