Доброто со добро се враќа: Двејн Џонсон му подари дом на УФЦ спортист од Зимбабве, кој претходно ги донирал сите пари што ги заработил во неговото родно село

Двејн „Карпата“ Џонсон му подари стан на УФЦ борачит Темба Горимбо, кој претходно живееше во теретана во Мајами.

 

 

Во неверојатната објава на „Инстаграм”, Рок напиша дека Темба имал само 7 долари на неговата сметка кога победил во неодамнешната борба на УФЦ, при што ја продал својата опрема за борба и заработил 7.000 долари.
„Наместо да ги искористи парите за да најде место за живеење, тој изгради пумпа во неговото село во Зимбабве, за таму жителите да имаат чиста вода“, сподели Двејн минатата недела. „Никогаш не бараше ништо од мене, но сакав само да му помогнам на момчето”.

 

Потоа, овој четврток, Двејн (51) објави возбудливо видео на „YouTube” во кое му овозможува нов дом на Темба, оставајќи го видно зачуден и среќен.

 

Видеото започна со тоа што Двејн го изненади Темба во теретана, разиграно прикраднувајќи се зад него пред да се открие.
Темба скокна кога го виде Карпата и двајцата мажи се прегрнаа, во трогателен момент во кој  Темба не ги криеше солзите.
„Ме инспирираше да работам напорно, човеку“, рече Темба. „Ти благодарам. Сега ќе станам шампион, верувај ми. Верувај ми!”
Двејн потсети дека тој самиот имал само 7 долари во еден момент пред речиси три децении, откако бил исклучен од канадската фудбалска лига.
Темба му го покажа на Двејн каучот во теретаната во која спиел, а Двејн му понуди да го запознае со неговиот другар, наречен Џеј, кој би  можел да биде корисна врска во неговиот нов живот во Мајами.

 

Рок, исто така, неодамна донираше голема седумцифрена сума на пари на „Програмата за итна финансиска помош” на Фондацијата „SAG-AFTRA”.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *