Додека има овци ќе има и волна: Британските стујардеси ги продаваат своите износени хулахопки и чевли на луѓе со чудни фетиши – и тоа за прилично добри суми
Стјуардеси во Велика Британија заработуваат продавајќи ги своите износени хулахопки и чевли на луѓе со чудни фетиши преку eBay. Овие членови на екипажот добиваат прилично добри суми за своите носени предмети. Некои ги продаваат своите хулахопки и за 18 евра.
Една неодамнешна листа дури имаше износени хулахопки што се продаваа за околу 115 евра. Дури и оштетените хулахопки се продаваат, при што некои продавачи објавуваат заводливи фотографии за да ги продадат предметите.
На прашањето зошто членовите на екипажот ги продаваат своите стари хулахопки и чевли, еден инсајдер од голема меѓународна авиокомпанија едноставно рече: „За да заработат пари од глупави мажи“.
Во 2019 година, инсајдери на аеродромот во Манчестер открија дека стјуардесите ги продаваат своите стари предмети со години, создавајќи убав дополнителен приход од тоа.
„Многу од девојките го прават тоа. Некои користат eBay, а други користат различни сајтови за да ги продадат“. Друг член на екипажот додаде: „Сите го прават тоа. Може да заработите околу 60 евра за износени чевли“.
Една тековна објава на eBay гласи: „Износени униформни хулахопки од стјуардеса. Носени за многу авионски милји“. Друга објава прикажува жена во мини сукња со искинати хулахопки, со фотографија од значка на стјуардеса од British Airways како доказ.
Еден поранешен член на екипажот од Манчестер рече: „Сум слушнал многу членови на екипажот како зборуваат за продавање на своите хулахопки и чевли. Имавме еден чуден тип кој ќе им испраќаше пораки на луѓе преку Facebook барајќи да купи нивни смрдливи стари чевли од екипажот, но мораше да имаат потпетица“.
Старите, износени чевли изгледа дека се исто толку популарни како и оштетените хулахопки – колку се повеќе износени, толку подобро. Една активна листа на eBay имаше пар износени црни кожни чевли со оштетувања и искината влошка, кои се продаваа за речиси 90 евра.
eBay се обидуваше неодамна да ги забрани овие продажби, но паметни продавачи наоѓаат начини да ја заобиколат забраната.
British Airways изјавија: „Очекуваме највисоки стандарди на однесување од сите наши колеги“. Портпарол на eBay додаде: „Од здравствени и хигиенски причини, не дозволуваме продажба на износена долна облека на сајтот. Сите листи што се несоодветни или не се во согласност со нашите правила ќе бидат отстранети“.
Коментирај анонимно