Додека пожарникарите се борат со пожарите еден човек се обиде да им помогне да се „опуштат“

Австралиските пожарникари со месеци се борат со огромните пожари и разбирливо е дека напорната работа почна да си наплаќа камата. Затоа луѓето се трудат на било кој начин да им помогнат на овие херои. Најчесто луѓето донираат вода, енергетски пијалоци и слични средства за хидрирање.

Сепак еден фраер имаше своја верзија на помош за пожарникарите која навјеројатно би им го кренала моралот. Деклан Мекдоналд беше прикажан на Снепчет во текот на викендот како носи гајба пиво на пожарникарите во заедницата во Јанчеп, северно од Перт.

„Јас сечев дрва кај моите родители и и самиот дрмнав неколку пива и мислев дека и екипата ќе ужива во неколку студени пива. Плус работата која ја завршија е неверојатна. Толку многу мажи и жени кои работат заедно од различни организации и компании за да ги спасат нашите семејства, пријатели и дивиот свет.  Искрено една кутија пиво е најмалку што можев да направам.“, изјавил Деклан кога го прашале зошто им однел пиво.