Додека сите се кријат во своите вили, Џон Бон Џови покажа што значи да си вистинска рок ѕвезда и пред сѐ човек
Многу познати личности шират позитивна енергија така што комуницираат со своите обожаватели од нивните домови и ги охрабруваат да седат дома, а некои од нив и донираат парични средства за најпогодените во пандемијата.
Сепак ниту еден од нив не се приближи на пристапот кој го има легендарниот музичар Џон Бон Џови.
Наместо да одмара дома на безбедно Бон Џови одлучил да помага во неговиот ресторан JBJ Soul Kitchen, во Њу Џерси. Тој е фотографиран како ги мие садовите во кујната. „Ако не можете да го правите она што го правите, правете го она што можете.“, стоело во описот на фотографијата.
Неговиот ресторан е многу популарен и уникатен затоа што нивните главни клиенти се сиромашните луѓе и бездомниците. Тие не наплаќаат за оброците и немаат цени на менијата, туку од гостите се бара да остават колку што сметаат дека трева, колку што имаат, доколку имаат. Оние кои немаат не мора да платат за храната.
Ресторанот функционира од многу доброволци, но во овој преиод не примаат многу поради стравот од пандемијата. Како и да е гестот на 58-годишната рок ѕвезда е навистина за поздравување.