Дојде тоа што долго го очекувавме: НЛО запрено за брзо возење на автопат! Полицајците изјавија дека шоферот е од планетата Криптон
Канцеларијата на шерифот на округот Крафорд во Мисури го сподели необичниот настан. НЛО возело над органичената брзина на автопат. Овие пријателски хуманоиди, кои дошле во мир, се упатувале на запад во Розвел, Ново Мексико на фестивал.
„Па, никогаш не знаеш што ќе патува низ округот Крафорд, но овој беше малку надвор од овој свет“. – напишаа тие на својот Фејсбук профил.
Хумноидите биле од Криптон и се одлучиле поради тоа што се вонземјани да ги пуштат со предупредување, затоа што нели сакаме да почнеме на добра нога со вонземјаните.
Криптон е измислената планета во универзумот на DC Comics, најпозната по тоа што е матичната планета на Супермен.
Сепак на крајот на наше шокирање се испотави дека возачот бил Стив Андерсон, локална славна личност. Тој бил ЧОВЕК?!
Тој го изградил НЛО-то во текот на осум месеци, а во 2013 изјави дека веќе изгубил осет за тоа колку го чини.
Стив изјави: „Толку е чудно – чудноста на сето тоа – и ги тера да се насмевнат и да заборават на нивните проблеми. Мислам дека тоа е она што е животот“.
Коментирај анонимно