Дојди по мобилен, замини си со автомобил? Huawei почна да произведува автомобили во Кина

Huawei неодамна го прошири своето поле на работа од паметни телефони и уреди до други индустрии. Затоа тие најавија дека ќе започнат да нудат електрични автомобили на клиентите во нивните продавници низ Кина.

Станува збор за автомобил на кинеската компанија SERES, за чиј развој соработувале и за кои развиле електронски систем.

„Оваа возбудлива најава претставува преседан и за потрошувачката електронска индустрија и за индустријата за електрични автомобили. Во иднина, ние повеќе нема да нудиме само најдобри паметни решенија за интелигентни автомобили за да им помогнеме на нашите партнери да развиваат подобри возила, но исто така ќе им помогнеме да ги продаваат тие автомобили преку нашата малопродажна мрежа низ Кина“, изјави Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Group.

Според „Хуавеи“, автомобилот е опремен со технологија „DriveONE Three-in-One Electric Drive“, што овозможува подолги патувања, но истовремено и врвни спортски перформанси. Така, новиот SERES SF5 им нуди на клиентите опсег од 180 километри во целосно електричен режим за пократки градски патувања, до опсег од над 1000 километри во режим на долго патување. Тој нуди забрзување до 100 км на час за 4,68 секунди.

Решението HUAWEI HiCar им овозможува на корисниците непречено менување на мобилните апликации на централната контролна табла на возилото, а исто така може да го поврзе автомобилот со други паметни уреди, така што возачите од автомобилот можат да вклучуваат климатизација, паметен дисплеј и други поврзани уреди дома.

Интересно, SERES SF5 исто така вклучува опција за напојување и на други возила за итни случаи, како и разни апарати, како што се индукциски шпорети, стерео и друга опрема што се користи, на пример, за кампување.

Автомобилот е изработен од робустен и термоформиран челик со исклучително висока јачина 1500Mpa. Засега е непознато дали Huawei планира да го понуди овој автомобил во своите продавници и надвор од Кина, или дали можеме да очекуваме слични партнерства со други производители во иднина.