Доколку 2020 беше сцена од животинскиот свет токму вака ќе изгледаше

Токму кога ќе помислите дека работите оваа година не можат да бидат побизарни, излегува вакво видео. Кели Бурбајџ со својот мобилен телефон снимила необична случка на плажата Миртл, Јужна Каролина. Кели била дома, во својот стан кога забележала дека над плажата лета голема птица, која носи уште поголем плен.

Споделувајќи го видеото на Фејсбук, Кели се запраша дали птицата е орел или кондор, но корисниците на социјалните мржежи ѝ објасниле дека станува збор за орел-рибар. Епа очигледно овој рибар е многу добар, затоа што си фатил некаков вид на ајкула.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!