Доколку сакате да си го вратите мирот во душата, оваа куќа на брегот на Мексиканскиот залив е совршена за вас

Архитектонската фирма Taller Diez 05 го откри својот најнов проект на крајот на 2021 година, нарачан од пар кој сака да ужива во раскошот на недопрениот пејзаж помеѓу планините Сиера де Сан Андрес и Веракруз во јужниот дел на Мексико. Куќата е одвоена од урбаниот контекст и од едната страна е буквално опкружена со недопрени пејзажи, а од другата е панорамата на бескрајната водена површина на Мексиканскиот залив, од кој е оддалечена само неколку десетици метри. . Затскриениот дом има станбена површина од 140 квадратни метри и е оптимален за еден пар.