Доколку сакате нешто крцкаво, тргнете лево накај крематориумот… „Мекдоналдс“ постави билборд за вкусниот „Меккриспи“ баш онаму кадешто најмалку требаше!

„Мекдоналдс“ се согласија да го симнат рекламниот билборд „McCrispy“ што беше поставен до патната табла накај крематориумот во Корнвол.

Иако некои ја сметаа рекламата за урнебесна, други беа помалку од импресионирани кога открија дека е прикажана на автобуска станица спроти „Penmount Crematorium“ на пат во Труро, Корнвол.

 

 

Билбордот со светли бои со потписот „McCrispy“ предизвика голема контроверзија на интернет бидејќи собра мешани реакции од возачите на патот „A39“.
Рекламата поставена кон крематориумот беше означена како „невкусен“ од гневните локални жители.

Една жена, чија свекрва била кремирана во објектот минатата година, рече: „Иако можам да ја видам смешната страна, таа е невкусна и сигурна сум дека некои ожалостени членови на семејствата нема да сакаат да ја видат кога ќе го посетат „Penmount“ за погреб и кремирање на некој близок“.
Меѓутоа, имаше и други на кои позиционирањето на рекламата им беше смешно.

 

По контроверзноста што ја предизвика рекламата, „Мекдоналдс“ сега соопшти дека ќе го отстрани знакот.

Портпаролот на компанијата рече: „Не бевме свесни за патоказот во близина на оваа автобуска постојка. Сепак побаравме да се отстрани нашата реклама“. Советот на Корнвол, кој управува со крематориумот, рече дека не може да коментира за ова прашање.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *