Доколку вашиот партнер го прави ова, знајте дека на вашата врска ѝ нема спас!
Дури и најсреќните врски имаат свои подеми и падови. Повремените расправии и чувство на оддалеченост се нормални, но до кога таквите моменти се нешто за што треба да почнете да се грижите?
Според експертите, постои јасен знак кој може да го означи крајот на повеќето врски: покажување презир кон чувствата на партнерот. Во едно Reddit прашање на тема „Што покажува дека врската нема да трае?“ еден корисник споделил совет од брачен советник со долгогодишно искуство, кој изјавил дека кога едниот партнер покажува презир, шансите за успех на врската се мали. Презирот може да се манифестира преку исмејување, арогантен тон или суров сарказм.
И други корисници коментираа за знаци кои покажуваат дека врската е во опасност: недостаток на грижа, прашања до пријателите дали треба да раскинат и сонување за живот без партнерот.
Според терапевтот Џеф Гентер, неколку други фактори се особено опасни за врските, како што се недостатокот на мали гестови на внимание, постојано расправање за исти прашања и растечка потреба за независност. Најчесто, кога едниот партнер почнува да развива чувства кон друга личност, тоа може да биде сигурен знак за крај, бидејќи пренасочувањето на љубовта го прави обновувањето на врската многу тешко, ако не и невозможно.
Коментирај анонимно