Доктор бил измамен да купи „магична ламба“ само за 41.600 долари
Сите сме го гледале Аладин, зарем не? Приказната за човекот кој наоѓа мистична ламба која содржи џин кој исполнува желби. Најголем дел од луѓето се свесни дека ова е фикција и дека желбите не се исполнуваат така лесно. Но, лекар од Утар Прадеш, Индија за жал не мислел така.
Двајца измамници му рекле на лекарот дека ламбата ќе му донесе „богатство и здравје“ и на почетокот му барале 200.00 долари за неа. Сепак тие не успеале да го измамат човекот да им даде толку многу па се договриле да им даде колку што може, односно 41.600 долари.

Магичната ламба која го чинела над 40.000 долари
Лекарот кој ги пријавил во полиција изјавил дека му бил „испран мозокот“ од двајцата мажи кои ги запознал, додека лекувал жена која наводно била нивната мајка.
„Постепено тие почнаа да ми раскажуваат за еден баба (божји човек) за кого тврдат дека го посетил и нивниот дом. Почнаа да ми го перат мозокот и ме убедија да одам да се видам со тој баба.“, изјавил докторот.
Лекарот на крајот го сретнал овој „баба“, кој изведувал најразлични ритуали. За време на посетата лекарот изјавил дека го сретнал и „Аладин“ иако дури подоцна сфатил дека станува збор за еден од мажите облечен како фиктивниот лик.
Наскоро двајцата мажи биле уапсени, затоа што биле вмешани и во уште неколку слични измами, но не се знае дали лекарот ќе си ги добие парите назад.