Доктор кој се префрлил на 80% ултра-обработена исхрана 30 дена, ги откри шокантните резултати пред и по експериментот

Д-р Крис ван Тулекен, познат по неговите научни експерименти поврзани со исхраната, одлучи да помине еден месец консумирајќи главно ултра-процесирана храна за да ги истражи нејзините ефекти врз телото. Овој експеримент беше дел од документарецот на Би-Би-Си од 2021 година, „Што им даваме на нашите деца?“

Експериментот

 

 

Вообичаено, исхраната на д-р ван Тулекен се состои од 20 проценти ултра-процесирана храна. Сепак, тој ја зголеми таа количина на 80 проценти за да одрази како се храни секој петти жител во светот. Неговото здравје беше внимателно следено од еден од водечките експерти за дебелина во земјата (Велика Британија).

За време на експериментот, тој консумираше пржено пилешко, лазанја, замрзната пица, печен чипс и брза храна. Докторот забележал дека чувството на глад се јавувало почесто, иако постојано јадел.

Покрај тоа, тој се соочил со проблеми со дигестијата, како што била 48-часовна неможност за празнење.

Резултатите

 

 

По 30 дена, д-р ван Тулекен забележал значајни промени:

Неговата тежина се зголемила за 6,5 килограми, а индексот на телесна маса (БМИ) се зголемил за два поени, што го категоризирал како човек со прекумерна тежина. Тежината на телесните масти се зголемила за три килограми. Ако продолжел со ваквата исхрана, ќе накачел околу 38 килограми за шест месеци.

Дополнително, неговите нивоа на хормонот за глад пораснале за 30 проценти, додека хормонот за чувство на ситост опаднал. Мозочните скенирања покажале нови функционални врски помеѓу центарот за награди во мозокот и областите кои поттикнуваат автоматско, репетитивно однесување, што значи дека неговиот мозок го поттикнувал да продолжи со консумирање на ваквата храна.

Загриженост за децата

Д-р ван Тулекен и неговите колеги изразија загриженост за децата кои редовно консумираат ултра-процесирана храна, бидејќи нивните мозоци се многу пофлексибилни и подложни на долгорочни влијанија. Иако ваквите оброци можат да бидат вкусни, заклучокот е дека треба да се ограничат во корист на поздрави алтернативи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *