Доктор открива која е единствената работа што никогаш не треба да ја правите ако се разбудите среде ноќ, за да можете повторно да заспиете

Нема ништо полошо од будење среде ноќ и неможноста повторно да заспиете. Се превртувате и обидувате очајно да се вратите во сон. Но, колку повеќе сте фрустрирани, толку потешко станува да заспиете.

Луѓето имаат свои мали трикови за враќање во сон, било да е тоа броење овци или читање книга. Но, еден експерт за спиење предупредува за една грешка што никогаш не смеете да ја направите ако сакате да имате шанса повторно да заспиете.

 

 

 

Д-р Бикуан Луо, директор на „LumosTech“, изјави за „The New York Post“ дека најголемата грешка што може да ја направи некој кој не може да заспие доцна во ноќта е поврзана со нешто на кое сите сме навикнати – нашите телефони.

„Проверувањето на времето може да го зголеми стресот и да го отежне заспивањето“, вели д-р Луо. „Дополнително, ако го проверувате времето на телефонот, содржините што ќе ги видите може да бидат премногу стимулативни, што дополнително ќе ве спречи да се опуштите и заспиете“.

Сите сме биле во таа ситуација – нема ништо постресно од осознавањето дека имате само уште неколку часа за сон, а будилникот во 6 часот се ближи. И ако погледнете порака од поранешен партнер или пријател доцна во ноќта, сосема сте изгубени. Вие сте вклучени во разговор што воопшто не треба да го водите во 3 часот наутро, и добриот ноќен сон е неповратен.

Сината светлина од телефоните, исто така, сериозно го нарушува нашиот сон. Затоа повеќето експерти за спиење советуваат да ги тргнеме телефоните пред да легнеме.

 

 

Што треба да направите ако се разбудите во 2 часот наутро? Првиот совет е да останете во кревет и да се обидете да се опуштите, за да видите дали природно ќе заспиете повторно. Ако тоа не функционира по 10-15 минути, време е да станете од кревет. Отидете во тивок дел од домот – како софата во дневната – и обидете се со некоја тивка активност како читање. Тоа би требало набрзо да ве доведе до зевање и враќање во спалната соба.

Ако несоницата е постојан проблем, можеби е време да се обратите кај лекар. Се проценува дека секој трет човек има потешкотии со спиењето.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *