„Докторите ме обвинија дека го изневерувам сопругот и дека детето не е негово, а само што се породив – бев многу бесна“

Кери Живковиќ (26) и нејзиниот парнтер Луис (27) го пречекале својот син во октомври, во болницата Џон Редклиф во Оксфорд. Но болницата се сомневала дека тој е анемичен, па морала да направи дополнителни анализи.

Кери рече: „Докторот ме замоли да бидам во посебна просторија ОД Луис, што си помислив дека е невообичаено. Сакав да проверам дека не сте спиеле со некој друг бидејќи резултатите сугерираат дека Луис потенцијално не е таткото – ми рече докторот. Во основа ме обвинија дека изневерувам. Им објаснив дека не сум го направила тоа, но тоа беше шок и не бев задоволна од тоа како го направија тоа“.

Лекарите објасниле дека примероците од крвта на таткото и синот не се совпаѓаат како што треба. Кери, исто така мајка на Алеша (5), инсистирала да ги повторат тестовите. Тие покажале грешка предизвикана од ИТ работникот, бидејќи Луис имал невообичаен тип на ген. Конечните резултати покажале дека тој е татко на Реј.

Универзитетските болници во Оксфорд се извинија. Кери додаде: „Тие рекоа дека тоа е првиот таков случај што го виделе“.

  • Pero напиша:

    nema gajle, sega ko ke im stegnat tuzba od 100 milioni, za nanesena dusevna bolka, za pred infarktna sostojba, za nespienje , za cuvstvo na nesigurnost, za ova za ona…
    taka toa odi tamu

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *